Специјализирани услуги

 

– ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ГИ ПРЕДНОСТИТЕ НА МЕКАТА ВОДА –

 

Најголемиот проблем кој сите го имаме е тврдата вода. Во домаќинствата, инсталацијата трпи големи оштетувања со што се зголемуваат трошоците за експлоатација за вода, а кожата останува сува и косата го губи својот сјај, со тоа и се трошат поголеми количества сапуни и шампон. Во индустријата, тврдата вода остава талог и ја оштетува целата опрема. 

 

ВО ДОМАЌИНСТВАТА
 

Со кабинетските системи на ФлуидПроект за делумно и потполно омекнување на водата, добивате трајна и сигурна можност за намалување на буџетот за поправка и одржување на домашните бојлери, славини, машини за алишта и садови, кафемати и слична опрема.

Со овие системи исто така се продолжува и животниот век на експлоатација на облеката и садовите, се намалува потрошувачката на средства за хигиена, и сето тоа со мало вложување и без нарушување на комодитетот дури и во малите станбени простори. 

 

ВО ИНДУСТРИЈАТА
 

Во индустиските објекти за греење и ладење, меката вода претставува неизбежен стандард. Меката вода не остава талог во топлоизменувачите, парните котли, цевководите и другата опрема. Меката вода е неопходна во фармацевтските индустрии, печатниците, клима уредите, во процесот на развивање филмови и уште многу разни индустрии. 

 

ПРИНЦИП НА РАБОТА
 

Омекнувањето на водата се врши на принципот на измена на јони. Катјонскиот полимерен изменувач, сместен во полиетиленска колона отпорна на притисок до 6 bar, ги менува јоните на калциум со јони на натриум. 

Регенерацијата на јонскиот изменувач се врши со раствор на NaCl (нејодирана таблетирана сол). Регенерацијата на овие системи се врши автоматски, со режим инициран на тајмер или мерач на проток.  

Капацитетот на омекнувачите се движи од 1 до 20m³/h. Циклусниот капацитет на уредите се движи од 2m³ до 70m³. Постојаното снабдување со мека вода се добива со употреба на дуплекс системи. 

Кабинетските омекнувачи на ФлуидПроект располагаат со две вградени нивоа на контрола:

 

Волуметриска контрола

Оваа контрола овозможува заштеда во набавка на средства за регенерација и вода. Преку автоматското додавање, следено од микропроцесор, експлоатацијата и регенерацијата овозможуваат долг век на користење. Автоматската контрола сама ги следи промените на вода потребна во домаќинството. 

Хронометриска контрола

Оваа контрола дава инструкции за регенерација на јонската маса, во зависност од програмот кој може да се задава една недела однепред. Сигурноста во работата и резултатите се идентични со волуметриската контрола, особено кога потрошувачката на вода е релативно константна. 

Двата системи работат на сигурносен напон од 24V

 

– ЧИСТА ВОДА, ПО ВАШИТЕ СТАНДАРДИ И ЖЕЛБИ –

 

Квалитетот на водата која ја користите во Вашиот дом често пати ги задоволува законските стандарди за водоснабдување, но тоа не значи дека ги задоволува Вашите стандарди и потреби. 

 

Вообичаено, водата во себе содржи растворени и нерастворени материи како што се олово, железо, нитрати, хлор, минерални соли, сулфати, живини соединенија, никел и мноу други. Нивната концентрација не може да се забележи со голо око. Тоа е можно само со лабораториста анализа на водата. 

 

Но, мирисот и вкусот на водата може да биде доволен показател дека е време да направите нешто со Вашата вода. Нашите системи за реверзна осмоза, наменет за домашна употреба, може да ги реши сите овие проблеми. 

 

КАКО ФУНКЦИОНИРА?

 

Со овој систем, влезната вода е принудена да помине низ многу ситна мембрана, низ која можат да поминат само молекулите на чиста вода. 

 

Кога во две комори разделени со мембрана има две течности со различни концентрации на растворени материи, започнува процес на разменување на водата од комората со вода со поретка концентрација во комората со вода со погуста концентрација, односно процес на осмоза. 

 

Под дејство на пумпа со висок притисок, овој систем работи на обратниот принцип. Низ истата мембрана, водата со поголема концентрација на растворени материи поминува низ мембраната и се пречистува. 

 

При процесот на реверзна осмоза, од Вашата вода се отстрануваат 100% бактерии и висруси, 99% сулфур, 98% калциум, 98% магнезиум, 96% хлори 90% нитрати. Со тоа, водата која ја добивате со користењето на овој систем е идеална за пиење, готвење и сите други домашни потреби. 

 

Освен што водата поминува низ системот за реверзна осмоза, таа се третира и преку физички пред-филтер од 5µ, пред-филтер од активен јаглен од 5µ, карбон-блок филтер од 1µ (опционален) и пост карбон-блок фитер. 

 

При третман за филтрирање на делумно заматена вода, се добиваат отпадни материи (концентрат) во износ од 25% од вкупниот волумен, а 75% од волуменот поминува како чиста вода, односно, перпеат. Овој сооднос се однесува за количина на впумпаната вода при притисок на пумпање од 15 bar. Зависно од квалитетот на мембраната, мали количини на соли може да поминат преку мембраната кои се движат во опсег од 1,5% – 10%. 

 

Посебно  внимание треба да се обрне на тоа водата која се пречистува да не содржи железо или манган, бидејќи тие трајно ја оштетуваат мембраната. Затоа водата што содржи железо или манган секогаш мора да се оксидира и филтрира пред да се пропушти низ уредот за реверзна осмоза. 

 

Може да се обработува целото количество на вода, од каде што се снабдувате од каде што се снабдувате со централна единица за реверзна осмоза, или селективно, само водата за пиење и готвење. Изборот е Ваш. 

 

Повеќето уреди за реверзна осмоза за селективен третман на вода, произведуваат од  до 200 до 500 литри вода дневно или до 20l/h. 

 

Овие системи се идеални за загадени селски водоводи, вода од бунари, комунални води со нерангиран квалитет, производство на козметички препарати, прехрамбена и кондиторска индустрија, медицински и стоматолочки апарати и многу други. 

– СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА ВОДАТА БЕЗ МЕНУВАЊЕ НА ХЕМИСКИОТ СОСТАВ –

 

Овој тип на стерилизација врши 99,9% стерилизација на водата. Во постапката на стерилизирање, водата прво поминува низ систем за физичко пречистување со пропустливост под 25µ, а потоа низ комора за антибактерицидно дејство со УВ лампа. 

 

Современитеапарати за стерилизација со УВ зпаци работат приклучени во мрежа под притисок. Практичните тестови и следењето на ваквите системи во експлоатација даваат задоволителни резултати во бактериолошката обработка на водата за пиење. Отпорноста на микроорганизмите на смртоностана доза на УВ зрачење е различна, а се движи во следните граници: 

 

[µJ/cm²]

 

  8500   | Agrobacterius tumefaciens

  2500   | Bacillus megaterium (vegetative)

52000 | Bacillus megaterium (spores)

 11000 | Bacillus subtilus (vegetative)

58000 | Bacillus subtilus (spores)

  8700  | Bacillus anthracis

21000 | Polio virus (Poliomyelitis)

  6600   | Bacteriophage (E. Colli)

88000 | Penicilium digitatum

35000 | Mucor remosissimis

88000 | Aspergillus glaucus

22000 | Clostridium teteni

  8000   | Hepatitus virus

  6600   | Influenca virus

24000 | Rotavirus

 

Принципот на работа се состои во антибактерицидно дејство на ултравиолетовото зрачење кое, преку заштитно стакло од кварц, доаѓа во непосреден контакт со тенки слоеви од водата. Притоа, водата, како голем абсорбер на ултравиолетово зрачење, го зголемува успехот во стерилизацијата со раслојување на млазот вода што поминува низ ултравиолетовиот стерилизатор. Од голема важност за сигурна работа на уредот е количината на суспендирани материи во водата. 

 

ФлуидПроект произведува УВ стерилизатори со капацитет од од 0,5 до 50 l/s и работен притисок до 9 bar. Исто така располагаме и со оригинални резервни делови, како и стручни лица кои се на располагање за консултативни и сервисни услуги. Капацитетите од 1, 2 и 2,5 литри се со сериско производство, додека останатите капацитети се изработуваат по нарачка. 

 

ДЕЈСТВО НА УВ СВЕТЛИНА

 

Спектарот на употреба на дејството на УВ светлината е многу широк и се користи за: дезинфекција, фотооксидација (Cl2, H2O2, O3), ТОС-редукција и Озон-редукција. Широкиот спектар на УВ бранови, особено делот од спектарот помеѓу 240 и 250 nm со критична концентрација на УВ бранови, делува на репродуктивниот лане на белковините. 

 

ПРЕДНОСТИ ПРИ УПОТРЕБА НА УРЕДОТ

 

Односот помеѓу инвестицијата и цената во експлоатација на системот со УВ лампа е далеку поповолен од стандардните системи за стерилизација на водата за пиење. 

 

Постои можност за вградување пред самото корисничко место, со што се избегнуваат сите загадувања во водоводната мрежа на корисникот. Цената на уредот е пристапна и гарантира успешна работа. Потрошувачката на електрична енергија е мала и е со стандарден приклучок на градска електрична мрежа. 

 

Уредот е едноставен за работа и одржување, а времето потребно а процесот на стерилизација е кратко. Исто така, уредот може да работи и со многу мали протоци. Стерилизацијата со УВ лампа е вистинско решение за досегашните проблеми наиндивидуалните објекти кои се снабдуваат со вода од бунари. Просечниот работен век на ламбите е помеѓу 9000 и 15000 работни часови.  

 

Најважно од се, уредот нема никакво влијание врз хемискиот состав на водата. 

– КОМПЛЕТЕН ДИЗАЈН, ИЗВЕДБА, СЕРВИС И ОДРЖУВАЊЕ –

 

Во нашето искуство од повеќе од 25 години стандардите за изведба на домашни и комерцијални базени расте заедно со нашата професионалност и подготвеност. Со нашето големо искуство во оваа област, со гордост и задоволство Ви нудиме секаков тип и облик на базени, материјални и опрема од лидерски компании за базенска опрема, како и редовен сервис и одржување на опремата и на Вашиот базен.

 

Нашите консултантски услуги ќе Ви помогнат да донесете вистински одлуки за локацијата на Вашиот базен, како и формата, бојата, материјалите за дизајн на базенот, осветлувањето, водените ефекти и уште многу различни опции кои може да се инкорпорираат при изградбата на базените. Нашиот професионален тим ќе Ви помогне да го подобрите Вашиот базен и во него да биде рефлектиран Вашиот животен стил.

 

Без разлика дали имате желба за подземен или надземен базен, со округла или аголна форма, поплошен со базенски плочки или обложен со базенска фолија од нашиот навистина голем асортиман и уште многу други различни варијанти, нашиот тим ќе Ви помогне Вашите желби да бидат остварени.

 

Покрај проектирање и изведба на базени, нудиме и одржување и редовен сервис на целокупната базенска опрема, со оригинална опрема, од страна на тим, обучен според критериумите на производителите на соодветната опрема.

 

Нудиме и можност за месечно одржување на Вашиот базен. Понудата опфаќа посета (еднаш неделно) на Вашиот базен во која се извршуваат следните активности: контрола на квалитетот на pH вредноста, проверка и подесување на резидуалниот хлор, перење на песочен филтер со повратен млаз, чистење на груб предфилтер, четкање на страничните површини на базенот, всисување на нечистотии од дното на базенот со воден усисувач и дополнување на базенот. Оваа понуда е достапна за само 4000 денари (во цената не се вклучени хемиските средства).

Наскоро…