Консалтинг
ФлуидПроект е компанија која нуди консултантски услуги за: дистрибуција на вода, третман на отпадна вода, производни и специјални работи, производство на специјална опрема и физибилити студии за еколошки третмани.
Нашата комапнија се повеќе се вклучува во контролата и развојот на еколошките технологии и третмани на вода во Македонија. За тие потреби изработуваме студии, програми и бизнис планови врз основа на кои ќе се утврди начинот на развој на одделните еколошки проекти, како и начинот за контрола на нивното целосно имплементирање и тековна исправна работа и успешност на функционирање.
Во доменот на производствен и експлоатациски консалтинг, тимот на ФлуидПроект во секој момент точно Ве советува за законските прописи и регулативи од областа на еколошките тртмани и експлоатација на водените ресурси, како и нивната секојдневна практична примена за различни технолошки решенија за домашна, индустриска и комерцијална употреба.
ФлуидПроект долги години работи на проекти за проценка на техно-економските услови за различни постројки за третман на вода. Проценката ја врши овластен инженерски кадар согласно македонската позитивна законска регулатива.
Проектирање и изведба
Ви нудиме комплтени услуги од областа на третман на вода и еколошки технологии. Во нашето работење е вплотено целокупното искуство и знаење на нашиот тим стекнати при изградба на различни типови на објекти за третирање на вода. Со нашиот стручен кадар и опремата со која располагаме, подготвени сме да излеземе во пресрет на секаков тип на задачи и предизвици поставени пред нас од страна на нашите клиенти. Квалитетот на извршените работи и запазувањето на договорените рокови се врвни приоритети на нашето работење.
ФлуидПроект проектира и изведува:
Постројки за вода за фармацевтски и здравствени установи
- Постројки за производство на пречистена вода (PW-Purified Water) и ултра-пречистена вода (HPW-High Purified Water),
проектирани и изведени по GMP стандарди (Good Manufacturing Practice) за фармацевтски и здравствени установи. - Постројки за производство на центри за дијализа, изработени по GMP стандарди (Good Manufacturing Practice)
- Мали постројки (реверзни осмози) за лабораториски услови
Постројки за третман на отпадна вода
- Постројки за третман на комунална отпадна вода од станбени објекти, куќи, населби и села.
- Постројки за третман на отпадна вода од комерцијални објекти: хотели, мотели, ресторани.
- Постројки за третман на индустриска отпадна вода од: рафинерии, млекари, месни и текстилни индустрии.
Постројки за третман на вода за домашна употреба
- Постројки за омекнување на вода (декарбонизација)
- Постројки за деферизација на вода (отстранување на железо)
- Постројки за деманганизација на вода (отстранување на манган)
- Постројки за денитрификација на вода (отстранување на амонијак)
- Постројки за деминерализација на вода (отстранување на минерали)
- Постројки за УВ стерилизација на вода (отстранување на бактерии)
Сервис и одржување
ФлуидПроект е овластен сервисер на опремата од производната линија на :
- ECOWATER од САД, производител на опрема за третман на вода
- ETATRON од Италија, производител на системи за дозирање
- ATLAS од Италија, произовител на фотлерскаопрема
- EURAQUA од Белгија, производител на опрема за третман на вода
- ECOFLUID од Чешка, производител на опрема за третан на отпадна вода
- INJECTA од Италија, производител на системи за дозирање и мерни инструменти
- DIMM од Белгија, производител на филтерска опрема
Нашиот сервис располага со коплетен сет на дијагностички апарати, специјален алат и опрема за квалитетно и нормално функционирање на постпродажба – одржување, дијагностика и сервисирање според строгите стандарди на производителите.
ФлуидПроект располага со голем број специјализирани и универзални дијагностички апарати и тестери заквалитет на вода, кои ни овозможуваат да функционираме како нјквалитетниот мулти-бренд сервисен центар за третман на вода во Македонија.
На своите клиенти им нудиме услуга за соте видови интервенции, вклучувајќи ги и најсложените во модерниот сервис за поправки и одржување на опремата од горенаведените производители. А за оние кои опремата ја купиле од ФлуидПроект, обезбедуваме специјални попусти и бенефити при сервисните интервенции.
ФлуидПроект раполага со залиха на оригинални резервни делови од програмата на производителите за кои сме лиценциран застапник, кои гарантираат нормални и квалитетно одржување и сервисирање на опремата за третман на вода. Сите резервни делови можете да ги набавите во сервисниот центар на ФлуидПроект.
Пречистителни станици
Обработката на отпадните води е процес на отстранување на загадувачите од отпадната вода. ФлуидПроект нуди целосни решенија за овие процеси врз база на септички танкови, биофилтри или системи за аеробна обработка за различни капацитети, почнувајќи од мали пречистителни станици за домаќинства, па се до пречистителни станици за отпадна вода на фабрики. индустии и населени места. Системите произведени од страна на ФлуидПроект се според сите важечки стандарди пропишани од нашата земја и Европската Унија.
Вашите барања ги дискутираме заедно до одредувањето на проектната задача. Она што следи е изготвување на проект од страна на нашиот проектантски тим. Реализацијата ја вршат наши едуцирани екипи, опремени со сите средства со цел да го остварат она што е проектирано во техничката документација.
Подводни активности
ФлуидПроект во својот тим има професионални нуркачи, подготвени за вршење подводни активности како истражувања, снимања, интервенции на цевководи и уште многу други подводни услуги.
Со цел надгледувањата, експетризите и техничките контроли да бидат достапни и употребливи за клиентот, се изработуваат подводни фотографии и видео снимки.
Опремата за подводна фото и видео документација која ја поседува ФлуидПроект, дава можност за изработка на фотографии и видео снимки со висок професионален квалитет.