За нас

 

Ние сме компанија која постои веќе 25 години на пазарот и константно растеме заедно со бројот на наши задоволни клиенти. 

Нашиот професионален тим Ви стои на располагање за сите Ваши прашања и потребн информации.  Дознајте повеќе за нас, погледнете ги нашите референци и серификатите и лиценците кои ги поседува нашата компанија.

  

Дознајте сè за ФлуидПроект

 

Во досегашната работа, ФлуидПроект го покрива пазарот во Македонија, но и интернационалниот пазар како Косово, Бугарија, БиХ, Србија, Албанија, Кувајт и Гана. Исто така сме дел од повеќе еколошки студии и проекти од областа на заштита на животната средина, истражувања на водните ресурси и заштита на подводни археолошки и природни реткости.

 

Во нашето портфолио се застапени многу различни активности како проектирање и изведување системи за третман на отпадна вода од комунални објекти, кланици и месна индустрија, индустрија за кожа, млечна индустрија, индустрија за масло, хемиска индустрија и уште многу други.

 

widefluid-project-940x412

ФлуидПроект е реномирана и целосно верифицирана компанија во изработката и споведувањето на технологиите за GMP-сертификација на системите за обработка на вода за медицински и фармацевтски потреби во Македонија.

 

Спортските и рекреативните базени и фонтани, опремата потребна за нив, како и нивното одржување, се дел од услугите и производите на ФлуидПроект.  

Зошто да го одберете ФлуидПроект

 

Компанија со преку 25 години традиција на задоволување на потребите на своите клиенти

 

Опрема и резервни делови од реномирани светски брендови

 

Широк асортиман на производи и услуги за третман на вода

 

Докажана гаранција и квалитет на нашите услуги

 

Редовен и навремен сервис и одржување

 

Специјализирани услуги и производи, изведени и изработени според Вашите потреби и барања

 

Сертификати и Лиценци