Проектирање и изведба

proektiranje_izvedba

ФЛУИД ПРОЕКТ е компанија која нуди комплетни услуги од областа на третман на води и еколошки технологии.

  • Во нашето работење е вплотено целокупното искуство и знаење на нашиот тим, стекнати при изградбата на различни типови на објекти за третирање на вода.
  • Со нашиот стручен кадар и опремата со која располагаме, подготвени сме да излеземе во пресрет на секаков тип на задачи и предизвици поставени пред нас од страна на клиентите.
  • Квалитетот на извршените работи и запазувањето на договорените рокови се врвни приоритети во нашето работење.

 

ФЛУИД ПРОЕКТ проектира и изведува:

 

ПОСТРОЈКИ ЗА ВОДА ЗА ФАРМАЦЕВСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

  • Постројки за призводство на ултра-пречистена вода HPW (High Purified Water) и пречистена PW (Purified water), проектирани и изведени по GMP (Good Manufacturing Practice) стандарди, за фармацевтски и здравствени установи
  • Постројки за производство на вода за центри за дилјализа изработени по (Good Manufacturing Practice) стандарди
  • Мали постројки (реверзни осмози) за лабораториски услови

 

ПОСТРОЈКИ ЗА ТРЕТМАН НА ОТПАДНА ВОДА

  •  Постројки за третман на комунална отпадна вода од станбени објекти, куќи, населби и села
  • Постројки за третман на отпадна вода од комерцијални објекти: хотели, мотели, ресторани и мензи
  • Постројки за третман на индустриски отпадни води од: рафинерии, млекари, месни и текстилни индустрии

 

ПОСТРОЈКИ ЗА ТРЕТМАН НА ВОДА ЗА ДОМАШНА УПОТРЕБА

  • Постројки за омекнување (декарбонизација) на вода
  • Постројки за деферизација (отстранување на железо) на вода
  • Постројки за деманганизација (отсранување на манган) на вода
  • Постројки за денитрификација (отсранување на амонијак) на вода
  • Постројки за деминерализација (отсранување на минерали) на вода
  • Постројки за УВ стерилизација (отсранување на бактерии) на вода.