Подводни Истражувања

podvodni_istrazuvanja

Флуид Проект има тим од нуркачи кои се спремни за вршење подводни активности, како што се истражувања, снимања, интервенции на цевководи и др.

За да може надгледувањата, експертизите и техничките контроли да бидат достапни и употребливи и за лицата кои немаат подготовка да бидат нуркачи, се изработуваат подводни фотографии и подводни видео снимки.

Опремата за подводно фотографирање и видео снимање, која ја поседува Флуид Проект, дава можности за изработка на подводна документација со висок квалитет.

Подводните работи се една од почетните активности во ова компанија, кои се започнати пред повеќе од 30 години.

Во услови на поширока работна територија, орентирани бевме кон изведување подводни работи на Јадранското море, на полето на изградба на цевоводи, кабловоди, пристаништа и др.

Последните 20 години работиме на територијата на Македонија, изведувајќи специјални работи на природните, вештачките езера и реките.

Реасполагаме со искуство, референци, опрема и кадар за изведување подводни работи на:

  • Инспекција и снимање
  • Картографирање и издаботка на 3D профили на дно
  • Подводна монтажа и подводни градежни работи
  • Подводни археолошки истражувања

Најчести се зафатите на хидролошката опрема, на браните на вештачките езера, каде се изведуваат работи на поголеми надморски височини и на длабочина до 70 м.