Одржување и Сервис

odrzuvanje_servis

ФЛУИД ПРОЕКТ е овластен сервисер на опремата од производната програмата на:

  • ECOWATER од САД, производител на опрема за третман на вода.
  • ETATRON од Италија, производител на системи за дозирање.
  • ATLAS од Италија, производител на филтерска опрема.
  • EURAQUA од Белгија, производител на опрема за третман на вода.
  • ECOFLUID од Чешка, производител на опрема за третман на отпадна вода.
  • INJECTA од Италија, производител на системи за дозирање и мерни инструменти
  • DIMM од Белгија, производител на филтерска опрема

Сервисот располага со комплетниот сет на дијагностички апарати, специјален алат и опрема за квалитетно и нормално функционирање на постпродажбата - одржување, дијагностика и сервисирање според строгите стандарди на производителите.

ФЛУИД ПРОЕКТ располага со голем број специјализирани и универзални дијагностички апарати и тестери за квалитет на вода кои му овозможуваат на ФЛУИД да функционира како најквалитетниот мулти бренд сервисен центар за третман на вода во Македонија

ФЛУИД ПРОЕКТ на своите клиенти им ја нуди услугата за сите видови интервенции, вклучувајќи ги и најсложените интервенции во модерниот сервис за поправки и одржување на опрeмата од горенаведените производители

Kлиентите кои купиле опрема од ФЛУИД ПРОЕКТ добиваат специјални попусти и бенефиции при сервисните интервенции.

Резервни делови

ФЛУИД ПРОЕКТ располага со залиха на оригинални резервни делови од програмата на сите производители за кои е лиценциран застапник кои гарантираат нормално и квалитетно одржување и сервисирање на опремата за вода.

Резервните делови можете да ги набавите во сервисниот центар на ФЛУИД ПРОЕКТ.