Консалтинг

konsalting

Во областа на консалтинг, компанијата е фокусирана врз проекти и консултантски услуги за:

  • Дистрибуција на вода
  • Третман на вода
  • Третман на отпадна вода
  • Производни и специјални работи
  • Производство на специјална опрема
  • Физибилити студии за еколошки третмани

Изработка на студии, програми и бизнис планови

Брзиот развој на економските и технолошките текови сe повеќе ги поттикнува компаниите да ангажираат надворешни стручни кадри од различни области посебно во областа на техниката. ФЛУИД ПРОЕКТ СКОПЈЕ за тие потреби, како реномирана куќа, сè повеќе се вклучува во контролата и развојот на еколошките технологии и третмани на вода во Република Македонија. За тие потреби изработуваме студии, програми и бизнис планови врз основа на кои ќе се утврди начинот на развој на одделните еколошки проекти, како и начинот за контрола на нивно целосно имплементирање и тековна исправна работа и успешност на функционирање.

Производствен и експлоатациски консалтинг

Во овој домен екипата на ФЛУИД ПРОЕКТ во секој момент точно Ве советува за законските прописи од областа на еколошките третмани и експлоатација на водените ресурси, како и нивната секојдневна практична примена, потоа за различни технолошки решенија за домашна, индустриска и комерцијална употреба, со еден збор за ИНЖЕНЕРИНГ работење во целост. Сето ова на нашите клиенти им е достапно во секој момент, вклучувајќи ја и можноста за мобилна комуникација.

Елаборати и физибилити студии за проценка на техно
економските услови за различни постројки за третман на води

ФЛУИД ПРОЕКТ долги години работи на проекти за проценка на техно - економските услови за различни постројки за третман на води. Проценката ја врши овластен инженерски кадар согласно македонската позитивна законска регулатива.