с. Арвати 2008

arvati1   arvati2

СИСТЕМ ЗА ТРЕТМАН НА САНИТАРНА ВОДА МОДЕЛ FPUPT-36

 

Капацитет

Капацитетот на суровата вода (двоводен цевковод) е дефиниран со корисничкото место приклучок DN75, одреден од инвеститорот. Проектантот и изведувачот на системот за водоснабдување на селото Арвати со водозафат на Кранска река, располага со проектантски вредности за хидростатскиот притисок на приклучното место. Овие вредности не се докажани со проби, сè до моментот на пуштањето на филтерската станица. За потребите на привремена работа, која се претпоставува дека ќе го задоволи по капацитет и работен притисок и системот за третман на суровата вода, изведен е сигурносен прлив со атмосверски притисок. Во моментот на пуштањето во работа на системот, карактеристиките на
приклучното место се следните:

 

  Капацитет   Притисок
  7-8 l/s   2.5 bar

 

Капацитет на обработена вода

Капацитетот на обработенената вода е лимитиран со процесот на обработка, во рамките на толеранциите на квалитетот на суровата вода. Системот располага со капацитет обработка на вода до 10 л/сек, или 36 м3/час во услови 24/24 часа.