Св. Николе 2015

 

СИСТЕМ ЗА ТРЕТМАН НА ЧИСТА ВОДА

sv nikole

 

Опис

Овој проект е надградба и подобрување на постоечкaтa прочистителна станица за третман во градот Св. Николе. Станицата за озонска единица беше надградена и пуштена во регуларна работа. Со инјектирање на воздух во соодветна концетрација на озон во количина на 20-30 Nm3/h на дното на контакт комората, на површината испливуваат воздушни балончиња и озон со што прават контакт и го раствораат озонот во водата. На површината на водата во комората за контакт се собира нерастворен воздух и озон кои формираат балон под притисок, но само кога плафонот на комората е исправен. Висината на водениот столб е ограничена од отворите направени меѓу комората за притисок и излезната комора.Водената струја која се движи према комората има нерастворени балончиња со воздух кон комората.

 

Употребени матерјали

Технички спецификации   Фиберглас
Бр.   Параметри   Вредност
1   Растеглив модул   10.350 - 17.250 MPa
2   Тип   76 - 228 MPa
3   Специфична тежина   1.9 - 2.1 kg/dm3
4   Абсорбција на вода   Макс. 1% од вкупна маса
5   Термална стабилност   -44 / 140 OC
6   Боја   Безбоен