Јонски омекнувач

 

Уред за отстранување на бигор

Уред за отстранување на калциум (бигор) од водата.

Омекнувањето на водата се врши на принципот на измена на јони. Катјонскиот полимерен изменувач, сместен во колоната, ги менува јоните на калциум со јони на натриум. Регенерацијата се врши со NaCl (не јодирана сол). Целиот процес го контролира и управува соодветен процесор и вентилска група.

Овие уреди ги решаваат сите проблеми предизвикани од тврдата вода.

Флуид Проект нуди неколку стандардни типови на омекнувачи, но се проектираат и изведуваат по потреба и други, со поспецифични параметри.

Се користи за домаќинствата за пиење и санитарната вода, додека пак во индустријата, за добивање на квалитетна технолошка вода.

Димензии:
Висина - 105 cm
Ширина - 20 cm
Должина - 45 cm