УВ Стерилизатор

 

УРЕД ЗА БАКТЕРИОЛОШКИ ТРЕТМАН - САНИТАЦИЈА НА ВОДАТА

 

Уредите вршат 99,9% стерилизација на водата без менување на нејзиниот хемиски состав. Во постапката на стерилизирање, водата прво поминува низ систем за физичко пречистување со пропустливост под 25μ, а потоа низ комора за антибактерицидно дејство со УВ ламба. Уредот работи приклучен во мрежата под притисок, но исто така е неопходно и електрично напојување од 220V; 50Hz.

Стерилизација на водата со помош на ултравиолетово зрачење е стара метода, која се употребува уште од 1924 година. Ултравиолетовите зраци имаат бранова должина помеѓу 1500 и 3000 ангстерми, а зрците од околу 2500 ангстерми имаат антибактерицидно дејство.Оваа бранова должина ја произведуваат ламби со низок притисок, исполенети со живина пареа. Просечниот работен век на ламбите е помеѓу 9000 и 15000 работни часови.

Се користи за домаќинствата и комерцијални употреби за обработка на водата за пиење.