Реверзна Осмоза

 

Квалитетот на водата која протекува низ Вашиот дом, мора да ги задоволува стандардите за водоснабдување. За тоа се грижи јавното водоснабдително претпријатие, но тоа не значи дека Вашата вода ги задоволува Вашите барања и потреби.

Обично водата во себе содржи растворени и нерастворни материи, вклучувајќи олово, железо, нитрати, хлор и минерални соли, особено непожелни супстанции како сулфати, живини препарати, никел и друго. Нивната концентрација не може да се забележи со голо око (само со лабораториско испитување), но за заштита од ваквите несакани соединенија во Вашата вода, веќе постојат разработени методи, процеси и системи за кои нашиот тим може да Ви излезе во пресрет.

При процесот на Реверзна Осмоза, од Вашата вода се отстрануваат следните непожелни супстанции:

Отстранети материи %
Бактерии и вируси 100
Сулфур 99
Калциум 98
Магнезиум 98
Хлор 96
Нитрати 90

Системот за Реверзна Осмоза функциониора на следниот начин:

Во еден сад се ставаат две течности кои се со различна концентрација на растворени материи во себе, а помеѓу нив се поставува полупропустлива мембрана. Растворот во кој има помала концентрација на растворени материи преминува преку мембраната, се меша со растворот во кој има поголема концентрација на растворени материи и настојува да го разреди повеќе концентрираниот раствор, со што доаѓа до израмнување на бројот на молекулите во двата раствори. При тоа се создава притисок кој е наречен Осмотски притисок, кој зависи од густината на растворот, бидејќи со намалување на густината, осмотскиот притисок расте.

Доколку на течноста со поголема концентрација се делува со притисок повисок од осмотскиот, таа преминува преку мембраната на страната на течноста со помала концентрација, притоа ослобувајќи се од вишокот (непотребните) растворени материи. Поради создавање и делување на Осмотскиот притисок, овој процес е наречен Реверзна Осмоза. Во текот на овој процес, својството за пропустливост на вода на мембраната останува непроменето, се менува само правецот на водата.

Во нашиот систем има:

  • Физички пред-филтер од 5μ
  • Пред-филтер од активен јаглен 5μ
  • Карбон-блок филтер од 1μ (опционален)
  • Пост карбон-блок филтер