Пречистителни станици за третман на отпадни води

Обработката на отпадните води е процес на отстранување на загадувачите од отпадната вода. Флуид Проект нуди целосни решенија за овие процеси врз база на септички танкови, биофилтри или системи за аеробна обработка за различни капацитети, почнувајќи од мали пречистителни станици за домаќинства , па се до пречистителни станици за отпадна вода за населени места. Системите произведени од страна на Флуид Проект се според сите важечи стандарди пропишани во Република Македонија и ЕУ.

Вашите барања ги дискутираме заедно до одредувањето на проектната задача. Она што следи е изготвување на проект од страна на нашиот проектантски тим. Реализацијата ја вршат наши екипи едуцирани и подготвени со сите средства да го остварат она што е проектирано во техничката документација.