Базени, Фонтани и Опрема

Флуид Проект, како субјект на пазарот кој нуди производи за обработка и третирање на водата, во својата програма нуди и услуги за проектирање и изведба на базени и фонтани, продажба на опрема за истите и нивно соодветно одржување.

Во Флуид Проект Ве очекува искусен тим кој е спремен да Ви излезе во пресрет од моментот на планирање на Вашиот базен или фонтана, па се до негова реализација и пуштање во употреба. Ве советуваме околу изборот на типот на базен, неговиот дизајн, материјалите и опремата според вашите желби.

Искуството го изградивме со долгогошното присуство на пазарот и со самото тоа се етаблиравме како водечка компанија во овој сектор. Зад нас стојат голем број на изведени базени и фонтани, многу задоволни и среќни клиенти кои и понатаму ги користат нашите услуги, односно, тековно одржување и снабдување со базенска хемија.