Атлас филтри за вода

 

Атлас филтрите се италијански сертифициран производи за филтрирање на вода

Филтрирањето на водата претставува процес на прочистување на водата од нерастворливите супстанци. Нерастворливи супстанци кои се среќаваат во водата се песок, глина, варовник, талог, нерастворени соли, микроорганизми од животинско и растително потекло, органски остаток и сл. Тие во водата се содржат во различни количини и во голем број случаи се видливи и со голо око. За разлика од нив, растворливите супстанци кои што ги има во водата: карбонати, бикарбонати, хлориди, нитрати, сулфати и др, со водата формираат хомогена смеса и се отсрануваат само со хемиски третман.

Атлас филтрите, на македонскиот пазар ги носи Флуид Проект и во 15 годишната соработка досега, можеме со целосна одговорност да го потврдиме квалитетот и задоволството на клиентите.

 

Составни елементи

Филтерските единици се составени од пластично куќиште изработено од ПЕ и ПП материјали, глава со навој, навоен затварач и гумен о-ринг. На филтерската глава изведени се влез и излез од ¾” или 1”, како и навоен вентил за обезвоздушување.

 

Технички карактеристики за филтерски единици Senior 3P,  Master 3P
Влез / излез ¾” ; 1”
Висина на Senior 3P 350mm
Висина на Master 3P 620mm
Максимален притисок 5bar na 200С
Максимална температура 450C на 2bar
Материјал на чашката Антитоксична пластика
Материјал на главата Висококвалитетна пластика

 

Филтерските единици се поставуваат на влезот од водоводната инсталација , а во зависност од видот и степенот на загадување на водата, можат да бидат исполнети со различен филтерски материјал-ПАТРОНА.

Филтерските единици се лесни и прилaгодливи за употреба во вашиот дом. Истите се користат и во индустрискиот сектор, за пречистување на секакви видови на течности, со степен на пречистување од 0,2-150µ.

За поедноставна монтажа се користат додатните делови - држачи и клучеви.