СИСТЕМ ЗА ТРЕТМАН НА САНИТАРНА ВОДА МОДЕЛ FPFS-60
Капацитет
Капацитетот на суровата вода (двоводен цевковод) е дефиниран со корисничкото место приклучок DN80, одреден од инвеститорот. Од причини што водоснабдувањето се врши симултано од две пумпи со исти карактеристики, поставени се пневматски вентили за поединечен довод и развод кон отпадната вода. Во моментот на пуштањето во работа на системот, во траење од 20-30 секунди, се врши прочистување на цевководот и бушотината, а водата се испушта во канал за отпадна вода. Системот за работа на вентилите за предиспирање е автоматски. За потребите на привремена работа, која се претпоставува дека ќе го задоволи по капацитет и работен притисок системот за третман на суровата вода, изведен е бајпас со идентичен профил.
Во моментот на пуштање во работа на системот, карактеристиките на приклучното место треба да се следните:
Теоретски капацитет | Максимален капацитет | Притисок |
45 m3/h | 60 m3/h | 0.5 - 4.4 bar |
Капацитет на обработена вода
Капацитетот на обработената вода е лимитиран со процесот на обработка, во рамките на толеранциите на квалитетот на суровата вода. Системот располага со капацитет обработка на вода до 60 л/сек, во услови 24/24 часа.