Профил

profil

Флуид Проект ДОО е компанија во приватна сопственост која професионално ги покрива областите на:

Еколошки третман на вода - Проектирање, консалтинг и инженеринг
- Вода за пиење и отпадна вода
- Вода за фармацевтски и медицински потреби (GMP сертификат)

Заштита на човековата околина и подводни истражувања и активности

Проектирање и изведба на објекти од посебен интерес
- Спортски и рекреативни базени
- Фонтани

Автоматско управување и контрола на процесите

Одржување и сервисирање на опремата и објектите.

 

Компанијата е формирана 1992 година, а нејзините пионерски чекори во истражувачките и развојните активности во овие области, датираат од 1983 година.

Во досегашната работа Флуид Проект го покрива пазарот во Македонија, со посебен акцент на извоз на опрема и технологија во Косово, Бугарија, Бoсна и Херцеговина и Србија.

Единствена, реномирана и потврдена компанија во изработка и спроведување на технологиите за GMP-сертификација на системите за обработка на вода за медицински и фармацевтски потреби во Република Македонија.

Флуид Проект е носител на активноста во повеќе еколошки студии и проекти од областа на заштита на животната средина, истражувања на водните ресурси и заштита на подводни археолошки и природни реткости.

Флуид Проект проектира и изведува објекти за третман на отпадна вода од комунални објекти, кланици и месна индустрија, индустрија за кожа, млечна индустрија, индустрија за масло, хемиска индустрија и др. Спортските и рекреативните базени и фонтани и за нив неопходната опрема, како и нивно одржување, се дел од услугите и производите на Флуид Проект, компанија со богато искуство од стотина базени изведени во Македонија и надвор од неа, со склучени договори за одржување и хемиско третирање на истите. Зад широкиот спектар на услуги и производи стои професионален тим кој Ви стои на располагање за сите ваши барања и потреби.